Најави се
x
ПРИЈАВИ РЕСТОРАН
Национални ресторани > Скопје

Ресторан Дукат

    Галерија:
    Опис

    Ресторани звезди се раѓаат во Македонија. Некои од нив посетивме на задоволство на нашите сетила, и несебично ќе ја поделиме тридневната гастрономска авантура со Вас.

    Почнавме со рибја чорба во новата национална гостилница Дукат послужена во традиционално котле кое потсетува на сцените од Македонски народни приказни, вистинска македонска уметност на подготовка, убава структура на фондот, не премногу густа, со парчиња црвена пастрмка внимателни исчистени.

    Продолживме со галичко мезе,комбинација од овчо полномасно сирење со свилена структура и зреен остар, мудар галички кашкавал во комбинација со пита и макало. Старата и сто пати потврдена рецептура на свинска коленица не занеме. Мека текстура на месото омекната на трпелив начин со долго варење на тивок оган па печена,прелиена со фин редуциран кафеав сос од коски.

    Во Дукат придржувани од соодветно избрана музика, завршивме со карамелизирана дуња која ја симболизираше душата на македонската вредна жена изладена со топка висококвалитетен сладолед од ванила.

    Инфо

    Ресторан Дукат

    Адреса: Теодосиј Гологанов 79
    Е-пошта: gostilnicadukat@gmail.com
    Места за седење (внатре): 140
    Места за седење (надвор): 80
    Картички: Visa,MasterCard,Maestro
    Јазици: Англиски
    Паркинг: 50
    Работно време: 08:00 - 24:00 / 08:00:01:00
    Вид на музика: Акустична, Староградска
    Датум на отворање: 01.01.2003
    Посети на web страницата: 30376
    Безжичен интернет пристап (WiFi)
    Локација
    Во моментов нема ниту еден коментар!
    Одберете начин кој највеќе ви одговара и
    РЕЗЕРВИРАЈТЕ
    Може да одберете опција
    и веднаш ќе ве поврземе со ресторанот
    Или јавете се на:

      02 3085600 локал 965
      РЕЗЕРВИРАЈ