За Нас
Ресторанот Скопски Мерак започна со работа на 21 Мај 1991 год. во една стара куќа на ул Андон Дуков во Дебар Маало. Започнавме со 5 маси и 20 пластични столици за да сега во 2012 год. се гордееме со новиот Скопски Мерак на ул Дебарца во срцето на истото Дебар Маало.
Голема благодарност до сите кои не подржуваа изминативе 21 год, до персоналот кој работел и кој се уште работи заедно со нас како и на нашата конкуренција која не тераше и се уште не тера да работиме подобро во интерес на нашите гости.
Влеговме во овој бизнис како млади и полни со елан и ентузијазам угостители решени да воведат нови стандарди во угостителството. Тој елан не држи сеуште и додека е така ќе го работиме ова што сме го работеле со надеж дека за следните 21 год. оваа страница ќе ја пишуваат нашите деца......
Искрено Ваши Љупчо, Златко и Тони Груевски
Детали


Понеделник Затворено Нема настани
Вторник Затворено Нема настани
Среда Затворено Нема настани
Четврток Затворено Нема настани
Петок Затворено Нема настани
Сабота Затворено Нема настани
Недела Затворено Нема настани