За Нас

Изградена во далечната 1836 година, ова е најстарата градска куќа во Македонија која сеуште е во функција, куќа која претставува национално богатство кое сведочи за историјата на македонската куќа и нејзината автентичност, куќа-музеј заштитена од прв степен "Завод за заштита на спомениците и културата на РМ".

Изградена од дрво и од камен, со оригинални резбани тавани, оваа куќа била дом на 6 поколенија на фамилијата Јовановиќ, а денес претставува прекрасен национален ресторан со извонреден, топол и пред се, традиционален старо-македонски амбиент.

Додека се воодушевувате од убавината на амбиентот збогатен со хортикултурата во дворот и звуците на фонтаната, Вашата душа ќе ја галат нежните звуци на националните музички инструменти кавалот и гајдата, придружувани со виолината, гитарата и хармониката. Нашата лична карта и препознатлив белег е пред се националната храна, исклучително здрава храна подготвена на традиционален начин во фурна на дрва, како и во најсовремена кујна опремена по HACCP систем.

Подготвуваме најразлични коктели и шведски маси, организираме прослави и забави, како и менија за групи. Само ако не посетите, ќе можете да се уверите.

Повелете, Ве очекуваме.

Булевар Филип Втори бр. 14

Резервација

веднаш ќе ве поврземе директно со ресторанот

Како работи?

Нашата централа со бројот

02 3085600

ќе ве повика на вашиот мобилен број, од кога ќе одговорите ќе ве поврземе директно со ресторанот.

Овој ресторани не прима online нарачки, No reservations Користете ја услугата Бесплатен повик.

Одберете датум

Одберете термин

Одберете гости

Детали

Адреса Адреса: Булевар Филип Втори бр. 14
Места за седење (внатре) Места за седење (внатре): 120
Места за седење (надвор) Места за седење (надвор): 150
Паркинг Паркинг: 30
Картички Картички: Credit cards Credit cards Credit cards
Домашни миленици Домашни миленици: Не
Пристапно Пристапно: Да
Бесплатно Wifi Бесплатно Wifi: Да
Јазици Јазици: Англиски
Музика Музика: Староградска
Отворен на Отворен на: 01.01.2005
Посети Посети: 28266

Понеделник 08:00 - 00:00 Фортуна Бент

Вторник 08:00 - 00:00 Нема настани

Среда 08:00 - 00:00 Нема настани

Четврток 08:00 - 00:00 Нема настани

Петок 08:00 - 01:00 Нема настани

Сабота 12:00 - 01:00 Нема настани

Недела 12:00 - 23:00 Нема настани

Мени

360° Преглед и Локација