02 Apr, 2018

Свинско филе во сос од бадеми

Ресторан Стара Куќа

Свинско филе во сос од бадеми

Покрај сите убави зборови кои ги слушнавме за овој ресторан, ние решевме да го посетиме и да се увериме во истото и да пробаме нешто од нивните специјалитети. Во оваа прилика ќе продискутираме за свинското филе по рецептот на овој ресторан. Свинското филе во сос од бадеми, покрај многу други, е едно од специјалитетите на Стара Куќа и е навистина несекојдневно и исклучително вкусно јадење.

Се решивме да го пробаме вака приготвеното свинско филе по препорака на домаќините. Филето беше обвиткано во панцета и пршута, поделено на четири еднакви парчиња. Како гарнир беа приложени варен морков, компир и брокула кои како и филето имаа малку поспецифичен вкус поради зачините кои ги употребуваат во подготовката на истите. Месото беше средно печено во фурна на дрва, бидејки само така можат да се почувствуваат сите вкусови. Зачинето со свежи трефки, со сос од бадеми и оригиналниот сос на ресторанот Стара Куќа, филето е совршена композиција на вкусови кои ги создаваат вистински мајстори во кујната на овој ресторан.

Нешто што ни го привлече вниманието е структурата на месото беше мека и особено сочна. Вусшност, во сокот на самото месо ги чувствувате сите ноти кои го збогатуваат вкусот на овој специјалитет. Сосовите на Стара Куќа не содржат брашно и други видови на алергени што е од исклучителна важност.

Храната, услугата и љубезноста на угостителите и атмосферата во ресторанот заслужуваат најголеми пофалби и наша препорака.

Доколку барате квалитет на високо ниво, Стара Куќа е ресторан во кој може да ги уживате сите овие благодети.

СВИНСКОТО ФИЛЕ СОДРЖИ 291.00 КАЛОРИИ (100 Г.)

Свинското филе содржи:
- 0.00 г јаглехидрати (Храна 100g)
- 25.20 g маст (Храна 100g)
- 16.00 g Протеини (Храна 100g)

МИНЕРАЛИ
- 9.00 мг калциум (Храна 100g)
- 2.20 мг железо (храна 100g)
- 0.00 mg магнезиум (Храна 100g)
- 152.00 mg фосфор (Храна 100g)
- 0.00 mg калиум  (Храна 100g)
- 0.00 мг натриум (Храна 100g)

ВИТАМИНИ
- 0.00 мг Витамин А (ретинол или каротин) (Храна 100g)
- 0.90 мг Витамин Б1 (тиамин, Aneurin) (Храна 100g)
- 0.19 мг витамин Б2 или рибофлавин (Храна 100g)
- 0.00 мг витамин Б6 или пиридоксин (Храна 100g)
- 0.00 mg на витамин Ц или аскорбинска киселина (храна 100g)
- 0.00 мг витамин Е или токоферол (Храна 100g)

Ресторан Стара Куќа

Изградена во далечната 1836 година, ова е најстарата градска куќа во Македонија која сеуште е во функција, куќа која претставува национално богатство кое сведочи за историјата на македонската куќа и нејзината автентичност, куќа-музеј заштитена од прв степен "Завод за заштита на спомениците и културата на РМ".

Изградена од дрво и од камен, со оригинални резбани тавани, оваа куќа била дом на 6 поколенија на фамилијата Јовановиќ, а денес претставува прекрасен национален ресторан со извонреден, топол и пред се, традиционален старо-македонски амбиент.