За Нас
Од неговото отварање па до денес, ресторанот Гоце стана едно од најпријатните места за забава, разонода и прослави во Скопје. Лоциран е во источниот дел од градот, во населбата Ченто.
Ресторанот воодушевува со својот раскошен , ексклузивно дизајниран ентериер.
Гостите во ресторанот уживаат во специјалитетите на најголемите мајстори на кујната, врвната услуга, прекрасниот амбиент и во нежните музички звуци.
Богатото мени изобилува со раскошни вкусови од националната и други интернационални кујни и претставува единствено кулинарско доживување пропратено со извонреден избор на квалитетни видови на вина.
Ресторан Гоце може да одговори на сите Ваши потреби. Нашиот персонал е тука за вас да ви ги овозможи следниве свечености: приватни вечери, свадби, бизнис средби, родендени, пензионирања, годишнини, приеми, коктел забави, промотивни активности и презентации....
Нашиот тим ви стои на располагање, да ве поддржи и помогне при планирањето на вашите прослави, како и да ви ги овозможи дополнителните барања, како што се : Аранжмани со цвеќе, балони, свеќи; специјални светлосни ефекти; различен тип на музика; фотограф, снимател и друго.
Прекрасна атмосфера, исклучително добра храна, поволни цени.
Се ова ке допринесе да вашата прослава биде посебна и особено интересна.
Верувајте во нас, а ние ќе ја оправдаме вашата доверба.
За сите младенци специјални изненадувања:
Бесплатни свадбени покани
Бесплатни бонови за ручек/вечера
Бесплатен шампањ за младите
Бесплатна невестинска торта
Детали


Понеделник 08:00 - 00:00 Нема настани
Вторник 08:00 - 00:00 Нема настани
Среда 08:00 - 00:00 Нема настани
Четврток 08:00 - 00:00 Нема настани
Петок 08:00 - 01:00 Нема настани
Сабота 08:00 - 01:00 Нема настани
Недела 08:00 - 00:00 Нема настани