За Нас

Од неговото отварање во 1980 година па до денес, ресторан Ореов Лад стана едно од најпријатните места за забава, разонода и прослави во Скопје. Лоциран е во западниот дел од градот, во спортско рекреативниот центар Сарај, на патот кон Матка.

Ресторан Ореов Лад е фамилијарен, национален ресторан чии специјалитети се стари македонски јадења, а како куриозитет подготвуваме и храна од времето на Крали Марко.

Располагаме со: 180 седишта внатре во ресторанот и 400 седишта надвор, во прекрасната градина; базен со жива пастрмка во лето, 2 паркинг простора за околу 70 коли; детско игралиште; жива музика за време на викендите во зима и секој ден во лето и 2 подиума за танцување (внатре и надвор).

Нашиот персонал е тука за вас да ви ги овозможи следниве свечености: приватни вечери, свадби, бизнис средби, родендени, пензионирања, годишнини, приеми, коктел забави, промотивни активности и презентации.

Би сакале да ја нагласиме нашата професионална кетеринг услуга, со што ќе ви овозможиме да ги угостите вашите гости во вашиот дом.

Нашиот тим ви стои на располагање, да ве поддржи и помогне при планирањето на вашите прослави, како и да ви ги овозможи дополнителните барања, како што се : Аранжмани со цвеќе, балони, свеќи; специјални светлосни ефекти; различен тип на музика; фотограф, снимател и друго.

Се ова ќе допринесе да вашата прослава биде посебна и особено интересна. За дополнителни информации проверете го нашиот месечен календар на нашата веб страна или ве молиме да ги побарате нашите координатори за настани, кои секогаш се спремни да ви овозможат одлична Верувајте во нас, а ние ќе ја оправдаме довербата.

Затоа, ова е нашата порака: Посебен ресторан што нуди несекојдневно доживување


Препорачуваме онлајн резервација
* добивате одговор од ресторанот во рок од неколку минути
Добивате: попусти, поени за вредносен ваучер, можност за оценка и коментар

Овој ресторан не прима online резервации, No reservations Јавете се директно во ресторанот

Одберете датум

Одберете термин

Одберете гости

Login

Детали

Адреса Адреса: Сарајска бр. 1
Места за седење (внатре) Места за седење (внатре): 150
Места за седење (надвор) Места за седење (надвор): 400
Паркинг Паркинг: 100, сопствен паркинг
Картички Картички: Credit cards Credit cards Credit cards
Домашни миленици Домашни миленици: Да
Пристапно Пристапно: Да
Јазици Јазици: Англиски
Музика Музика: Староградска, интернационална
Отворен на Отворен на: 01.01.1980
Посети Посети: 68929

Понеделник 08:00 - 00:00 Нема настани

Вторник 08:00 - 00:00 Нема настани

Среда 08:00 - 00:00 Нема настани

Четврток 08:00 - 00:00 Нема настани

Петок 08:00 - 01:00 Нема настани

Сабота 08:00 - 01:00 Тамбураши група Коштана

Недела 08:00 - 00:00 Тамбураши група Коштана

Мени

360° Преглед и Локација

Коментари

4.6

Храна4.8

Услуга4.8

Амбиент4.8

Цена4.2

Последни коментари

Maja Dimkova на 02.04.2019 коментирано:
Prekrasno mesto. Ambientot prijaten. Hranata preubava :)

Оцена5
Zlate bogoevski на 20.08.2019 коментирано:
??

Оцена5
Ѓорѓи Вивков на 22.06.2020 коментирано:
odlicna hrana i usluga. preubav dvorci atmosfera :) preporacuvam 5/5

Оцена4.75
Damjan Jovanovski на 18.08.2020 коментирано:
Preubava atmosfera

Оцена4.75
Наташа Кипријановиќ на 18.08.2020 коментирано:
Прекрасен амбиент за фамилијарни прослави со прекрасна услуга.Повторно ќе дојдеме!

Оцена4.5
Ѓорѓи Вивков на 31.08.2020 коментирано:
spora usluga malku, hrana e ubava i ambientot e ubav

Оцена3.5
Zoran Zafirov на 17.04.2023 коментирано:
Odlicen ambient so ziva muzika i dobra usluga,samo da se pogodese i vremeto.

Оцена4.5
Sasho Mitkovski на 08.01.2024 коментирано:
Super hrana!

Оцена5

Контакт