Комплекс Етно Село Тимчевски

Комплекс Етно Село Тимчевски

favoriteДодај во омилени highlight_offТргни од омилени

За Нас

Етно Гарден, дел од Комплексот Етно Село „Тимчевски“, нуди одлични услови за одбележување на свечености на отворен простор опкружен со зелена градина. Нудиме комплет услуги за остварување на вашите најголеми желби и незаборавна прослава на вашите свечености.

Комплексот Етно Село “Тимчевски“, сместен во природно опкружување на реката Пчиња, ви нуди одлична можност за ваша несекојдневна релаксација. Вистинскиот амбиент создаден само за вашите потреби и желби дава одлична прилика за организација на деловни средби, семејни веселби и туристички посети.

На оддалеченост од 14 км од Куманово на патот кон Крива Паланка, на површина од 30000 м2 се наоѓа комплексот Етно Село. Во склоп на објектот се наоѓа хотел, ресторан со летна тераса и летна бавча, летен клуб „Базени”, сопствена винарија, мини ЗОО, детски забавен парк, велосипедски патеки и сопствен паркинг.

Внимателно креираните содржини ќе ве однесат во една поинаква средина со вистински приказ на традиционалниот македонски начин на живот. Многубројните поставки се одлична прилика за запознавање со тоа.

Овој совршено организиран амбиент е надополнет со уште подобрите традиционални македонски јадења. Направени од нашите врвни мајстори нема во ниеден момент да ве остават рамнодушни.

Сето ова комплетирано со прекрасна национална македонска музика, ќе ви покаже колку е убаво да се биде во Македонија.


Патот Куманово-Крива Паланка

Овој ресторан не прима online резервации, No reservations Јавете се директно во ресторанот

Одберете датум

Одберете термин

Одберете гости

Login

Детали

Адреса Адреса: Патот Куманово-Крива Паланка
Места за седење (внатре) Места за седење (внатре): 200
Места за седење (надвор) Места за седење (надвор): 400
Паркинг Паркинг: 200
Картички Картички: Credit cards Credit cards
Домашни миленици Домашни миленици: Да
Пристапно Пристапно: Да
Јазици Јазици: Англиски
Музика Музика: Сабота и Недела жива музика
Отворен на Отворен на: 29.07.2009
Посети Посети: 51939

Понеделник 08:00 - 00:00 Нема настани

Вторник 08:00 - 00:00 Нема настани

Среда 08:00 - 00:00 Нема настани

Четврток 09:00 - 00:00 Нема настани

Петок 08:00 - 01:00 Нема настани

Сабота 08:00 - 01:00 Нема настани

Недела 08:00 - 00:00 Нема настани

Мени

360° Преглед и Локација

Коментари

5

Храна5

Услуга5

Амбиент5

Цена5

Последни коментари

Dean Damcevski на 06.03.2022 коментирано:
Preubav kompleks so predobara usluga vredi da se poseti

Оцена5

Контакт