01 Nov, 2018

Њоки Салмоне

Ресторан Бела Виста

Њоки Салмоне

Bella Vista - Lounge Bar & Restaurant е прекрасен италијански ресторан, лоциран во срцето на Скопје, на кејот во центарот на градот. Овој ресторан ви нуди опуштена и релаксирана атмосфера, придружувана од богатата палета на вкусно приготвени специјалитети. Од асортиманот на храна која може да ја вкусите во Bella Vista - Lounge Bar & Restaurant е најзастапена италијанската кујна, но не изостануваат ни традиционалните јадења. Покрај опуштената атмосфера и убаво уредениот ентериер, за убавиот престој во ресторанот ќе се погрижат и угостителите кои со својата професионалност дополнително ќе ви го разубават времето поминато во ресторанот.

При посетата на ресторанот, угостителите не посоветуваа да пробаме нешто од италијанската кујна, па така се решивме за Њоки Салмоне.

Њоки Салмоне се всушност њоки во бел сос, со ракчиња и димен лосос. Интензивниот вкус на овој специјалитет се добива од ракчињата и белиот сос. Њоки Салмоне се зачинуваат со бело лукче, бело вино и копар кои му даваат шмек на целиот оброк. Пред дегустација, можете да си додадете рендан пармезан по желба. Навистина вкусен специјалитет, совршена комбинација за сите љубители на паста, како и на оние кои сакаат да јадат морска храна и воопшто сакаат да пробаат нешто поразлично од она секојдневното. Со оваа храна може да се напиете чаша добро бело вино, а при изборот на истото ќе ви помогнат угостителите на Bella Vista - Lounge Bar & Restaurant.

Навистина вкусно јадење кое топло го препорачуваме за оние кои сакаат да пробаат нешто квалитетно и вкусно, уживајќи во одлична атмосфера во срцето на градот.