02 Apr, 2018

Свинска коленица

Ресторан Буре

Свинска коленица

РЕСТОРАН БУРЕ

Свинска коленица 300 г.

Единаесетгодишната традиција, сместена во еден простор кој е спој на добрата македонска кујна и убавата атмофера е ресторанот БУРЕ во ТЦ Лептокарија. Место во кое може да уживаат љубителите на вкусниот залак и добрата чашка низ опуштена атмофера со добра музика.

Менито на БУРЕ располага со голем избор на специјалитети, а за квалитетот на храната се грижат умешните раце на искусните готвачи кои работат во овој ресторан. Пофалбите не одат само на сметка на храната, туку и на љубезноста и брзата услуга која ќе ја добиете од овие угостители.

Ги замоливме угостителите да ни предложат нешто вкусно од нивното богато мени, а тие не посоветуваа да ја пробаме свинската коленица приготвена во темен сос со печурки.

Нарачката пристигна брзо. Специјалитетот содржеше свинска коленица чиј вкус беше надополнет со темниот сос со печурки. Како прилог беше сервиран пекарски компир. Месото беше одлично зготвено. Текстурата беше мека и сочна, лесна за јадење, навистина се топеше во уста. Темниот сос од печурки придонесува за сочноста на месото и воедно додава на зачинетост на вкусот. Пекарскиот компр беше крцкав однадвор, а мек одвнатре. Убаво зачинет, компирот подготвен на домашен начин беше навистина добра комбинација со свинската коленица.

 

СВИНСКА КОЛЕНИЦА СОДРЖИ 291.00 КАЛОРИИ (100 Г.)

Свинската коленица содржи:
- 0.00 г јаглехидрати (Храна 100g)
- 25.20 g маст (Храна 100g)
- 16.00 g Протеини (Храна 100g)

МИНЕРАЛИ
- 9.00 мг калциум (Храна 100g)
- 2.20 мг железо (храна 100g)
- 0.00 mg магнезиум (Храна 100g)
- 152.00 mg фосфор (Храна 100g)
- 0.00 mg калиум  (Храна 100g)
- 0.00 мг натриум (Храна 100g)

ВИТАМИНИ
- 0.00 мг Витамин А (ретинол или каротин) (Храна 100g)
- 0.90 мг Витамин Б1 (тиамин, Aneurin) (Храна 100g)
- 0.19 мг витамин Б2 или рибофлавин (Храна 100g)
- 0.00 мг витамин Б6 или пиридоксин (Храна 100g)
- 0.00 mg на витамин Ц или аскорбинска киселина (храна 100g)
- 0.00 мг витамин Е или токоферол (Храна 100g)