Ресторан Плаза Фиш
Адреса: Октомвриска Револуција 2/2Рибен ресторан во градот кој нуди медитеранска атмосфера и специјалитети за сите љубители на свежи морски плодови, рецепти и вкусови од медитеранот - PLAZA FISH Restaurant!
Уникатно дизајниран, уреден во модерен стил и доза на традиција, за сите што сакаат да се чувствуваат пријатно и опуштено во кој било период од денот. Главниот шеф преку мешавината на рецептите од медитеранот и неговите влијанија, ги буди сетилата на мирис и вкус, отворајќи го апетитот и поттикнувајќи ја желбата кај гостите да вкусат нешто ново, уникатно и вкусно од PLAZA FISH Restaurant.
Тоа што го прави овој ресторан посебен е реномираниот шеф од Грција Тсиамис Василиос кој со своето познавање во ова поле го доловува афтентичниот вкус на специјалитетите кои со својот мирис и вкус за момент ќе ве однесат на медитеранот!
Овој ново отворен ресторан се наоѓа во центарот на Скопје, во склоп на хотелот TCC Grand Plaza!
Ресторан Плаза Фиш Адреса: Октомвриска Револуција 2/2Веб сајт: http://tccgrandplaza.com Е-пошта: info@tccgrandplaza.com Места за седење (внатре): 100 Места за седење (надвор): 150 Картички: Visa,MasterCard,Maestro Јазици: Англиски Паркинг: 80 Работно време: 08:00-24:00 Вид на музика: Амбиентална Датум на отворање: 09.19.2012 Посети на web страницата: 9786 Безжичен интернет пристап (WiFi) |
|
![]() |