За Нас

ЗИНГ- МАГИЧЕН СВЕТ НА ДВЕ ДИМЕНЗИИ НА УЖИВАЊЕ ВО ХРАНAТА И АМБИЕНТОТ

Откријте го ХЕДОНИЗМОТ во ЗИНГ. Вие одберете дали сакате интимна и дискретна романтична атмосфера или амбиент со забава и друшво.

Зинг е спој на модерен клуб ресторан и традиционална коноба, лоциран е во старото урбано јадро на Скопје, Дебар Маало, на највеселата Боемска улица. Од отворањето Зинг воведува нови трендови во општествениот живот на Скопје, промовирајќи секојдневни ивенти и матине-а со квалитетна жива музика за различни вкусови. Пријатниот амбиент на ресторанот ги чува елементите на традицијата, но истовремено е модерен и е развиен во духот на времето и во согласност со различните барања на современиот гостин. Создаден е модерен дел - модерната тераса кoја ја менува улогата зависно од временските услови, опремена со уникатен мебел кој покрај удобноста плени на прв поглед и со дизајнот. Ако решите да направите совршен спој на забава, врвна храна и голем избор на вино, можете да уживате во амбиенот на модерната тераса, збогатен со звуците на жива музика од концертното пијано. Тимот на Зинг секојдневно организира ивенти и матине-а со квалитетна жива музика со различна тематика.

Втората димензија e внатрешниот дел кој е со традиционален медитерански, рустикален и романтичен амбиент. Доколку сте романтични и сакате дискретност во традиционален медитерански амбиент тука е старата добра димензија на ресторанот каде доминира мирот и интимноста. Тука ќе бидете заобиколени од гужвите и љубопитните погледи. Традиционалниот романтичен амбиент, храната и изборот на идеално вино, за вас ќе биде совршено место за незаборавна романса на која долго ќе се присетувате.

Зинг е вистински гастрономски рај, со влегување во ресторанот, Вие сте во кралството на гастрономијата и на магични вкусови и мириси. Кулинарските тајни главно потекнуваат од Далмација, збогатени со гурмански волшебства од Италија и Скандинавија. Свежата храна е императив на ресторанот. На менито можете да најдете многу видови на свежа морска риба и морски плодови. Покрај морската храна, светски реномираните готвачи секојдневно приготвуваат квалитетни оброци од месо, свежи салати, топли супи и чорби, домашен леб, врвни пици и многу други задоволства кои ги будат сетилата... Интересно е да се напомене дека скарата во Зинг се припрема на вулкански камења и со тоа храната добива поинаков, врвен гастрономски вкус и шмек. На винската картата во Зинг можете да ги најдете сите најдобри домашни вина, како и вина од најдобрите медитерански и континентални региони.


Специјални понуди

Ресторан Зинг Скопје

13 January, 2020 - 13 December, 2020
Препорачуваме онлајн резервација
* добивате одговор од ресторанот во рок од неколку минути
Arrow
Добивате: попусти, поени за вредносен ваучер, можност за оценка и коментар

Овој ресторан не прима online резервации, No reservations Јавете се директно во ресторанот

Одберете датум

Одберете термин

Одберете гости

Login

Детали

Адреса Адреса: Живко Чинго бр.5
Места за седење (внатре) Места за седење (внатре): 40
Места за седење (надвор) Места за седење (надвор): 50
Паркинг Паркинг: Зона
Картички Картички: Credit cards Credit cards Credit cards
Домашни миленици Домашни миленици: Не
Пристапно Пристапно: Да
Бесплатно Wifi Бесплатно Wifi: Да
Јазици Јазици: Англиски
Музика Музика: Пиано, жива музика, староградска
Отворен на Отворен на: 05.12.2018
Посети Посети: 1266

Понеделник 09:00 - 00:00 Piano sounds

Вторник 09:00 - 00:00 Нема настани

Среда 09:00 - 00:00 Нема настани

Четврток 09:00 - 00:00 Староградски песни и евергрин

Петок 09:00 - 01:00 Староградски песни и евергрин

Сабота 09:00 - 01:00 Староградски песни и евергрин

Недела 09:00 - 00:00 Нема настани

Мени

360° Преглед и Локација

Коментари

4.2

Храна5

Услуга4

Амбиент4

Цена4

Последни коментари

Katerina Jankulovska на 16.01.2020 коментирано:
Preubava dekoracija,vkusna hrana,dobra usluga.Bi doshla pak :)

Оцена4.25

Контакт