За Нас
Добро ни дојдовте!!! Ресторан Амор е нов луксузен ресторан за свадби, но и други разноразни свечености кои ви се на Вас важни како, веридби, крштевки, матурски,апсолвентски, празнични прослави, бизнис конгреси и сл.
Ресторанот е отворен на 10.09.2014 година се наоѓа во општина Кисела Вода, на бул. Борис Трајковски бр. 210 или поранешна улица Првомајска, на само 5км од центарот на Скопје, која има пристап од самата улица,а исто така има и автобуска станица пред самиот ресторан.
Самиот ресторан има свој паркинг за 150-200 возила. Кога влегувате во ресторанот има преубаво фоаје ,па потоа следи и самата сала која Ве наведува да мислите дека сте во некоја бајка. Со врвниот избор на бои и тонови на ентериерот како и неговиот дизајн, богат со романтични детали, сигурни сме дека ќе ги исполни сите Ваши очекувања.
Посебен елемент кој може да го промени визуелниот изглед е осветлувањето кое дава гламурозен детал распостранет низ целата сала,а на делови може да биде во бои кои Вие ќе ги посакате. Ресторанот се простира на 1200м2 од кои 150м2 е фоајето, 900м2 е салата и кујна од 150м2.
Капацитетот на салата е до 500 гости, но има можност и за преградување на дел од салата со што се добива поинтимен дел за помалку гости.
Подиумот за играње е доста простран и неговата големина зависи од бројот на гости.
Детали


Понеделник 09:00 - 00:00 Нема настани
Вторник 09:00 - 00:00 Нема настани
Среда 09:00 - 00:00 Нема настани
Четврток 09:00 - 00:00 Нема настани
Петок 09:00 - 01:00 Нема настани
Сабота 09:00 - 01:00 Нема настани
Недела 09:00 - 00:00 Нема настани