За Нас
Прва македонска крафт пивара - Темов!
За фамилијата:
Фамилија Темов, група на пивски ентузијасти кои се предводени од едноставна пивска филозофија „Ние не правиме пиво за масата на луѓе. Напротив, ние правиме пиво за одбраните пивски заљубеници и оние кои ја разбираат пивската култура и уметност. Мал дел на бунтовници кои уживаат во вистинскиот вкус на пивото и не се плашат да ги турнат границите на модерниот комерцијлизам. На кратко, ние правиме пиво за луѓето налик нас.
Нашата едноставна филозофија:
Ние сме пионери во една нова македонска пивска и ера век и не се плашиме да ги преминеме веќе поставените граници. Тоа е она што и нашето пиво претставува.
Нашето пиво:
Ние веруваме во Германскиот закон за чистота на пиво „Reinheitsgebot“, затоа и пивото „Темов“ се прави според тоа правило. Тоа значи дека нашето пиво се создава од четрите основни пивски состојки: јачмен, хмељ, квасец и вода. Пивото „Темов“ е природно пиво кое се прави од природни состоjки, без додатни шеќери, бои, ароми, конзерванси и хемикалиии.“
Нашата приказна:
Ова е фамилијарен бизнис и како и секој друг има многу обврски и одговорности. Ние веруваме дека за еден бизнис да биде успешен, задачите и одговорностите мора да се делат. Затоа веруваме дека тимската работа е многу битна. Ние го започнавме бизнисот со ресторанот „Пивница Стар Град“ во 2009 година со идејата дека еден ден ќе започнеме со производство на пиво. Ние напорно работевме како тим и како фамилија за да го создадеме овој бизнис, и покрај сите пречки, и денес можеме да кажеме дека сонот ни се оствари.
* добивате одговор од ресторанот во рок од неколку минути
Овој ресторан не прима online резервации,
Јавете се директно во ресторанот
Одберете датум
Одберете термин
Одберете гости
Детали


Понеделник 09:00 - 00:00 Нема настани
Вторник 09:00 - 00:00 Нема настани
Среда 09:00 - 00:00 Нема настани
Четврток 09:00 - 00:00 Нема настани
Петок 09:00 - 00:00 Нема настани
Сабота 09:00 - 00:00 Нема настани
Недела 09:00 - 00:00 Нема настани