За Нас
За старата градска кафеана “Идадија М”, сместена во срцето на Дебар Маало се врзува дел од традицијата и историјата на Скопје. Таа веќе девет децении е место каде што се собираат луѓе од најразлични провиниенции – познати градски “фаци”, боеми, доктори, писатели, уметници, актери, офицери, но и занаетчии, трговци, спортисти…
А приказната за “Идадија” започнува во дваесеттите години на минатиот век. Кога печалбарот Ефтим Цветановски, родум од гостиварското село Куново, се вратил од Букурешт, Романија, решил да си го собере семејството на едно место. Во пролетта 1928 година во скопското Дебар Маало изградил куќа, а на приземјето ја отворил тогашната крчма над чија порта го ставил натписот-“Идадија”. Името е турцизам и значи гимназија, кафеаната го добила името по турската подофицерска школа, а потоа и старата Учителска школа која се наоѓала од нејзината спротивна страна.
На почетокот “Идадија” била маалска кафеана, но набргу таа прераснала во едно од најпознатите градски собиралишта.
* добивате одговор од ресторанот во рок од неколку минути
Овој ресторан не прима online резервации,
Јавете се директно во ресторанот
Одберете датум
Одберете термин
Одберете гости
Детали


Понеделник 09:00 - 00:00 Нема настани
Вторник 09:00 - 00:00 Нема настани
Среда 09:00 - 00:00 Нема настани
Четврток 09:00 - 00:00 Нема настани
Петок 09:00 - 01:00 Нема настани
Сабота 09:00 - 01:00 Нема настани
Недела 09:00 - 00:00 Нема настани