За Нас

Гостилницата "ДМ" на своите гости им нуди одлична и вкусна храна, комбинирана со брза и љубезна услуга веќе десетина години наназад. И, низ тие години, од скромно место за оброк прерасна во една од најпознатите скопски гостилници за дружење. Какви гости најчесто имате, а какви гости преферирате?

Нашите гости, од кои голем дел се редовни во нашиот ресторан, се од најразлични профили. На масите во "ДМ" седат студенти, бизнисмени, политичари, дипломати и лица од јавниот живот. Но, што работат нашите гости и каква функција имаат за нас е најмалку важно, секој што ќе не посети ќе може да ужива во добрата македонска кујна и љубезната услуга на нашиот персонал.

Какви специјалитети имате? Кој е специјалитет на вашата кујна? Приготвуваме најразлични јадења од македонска кујна, со акцент на јадењата на скара. Но, како наш специјалитет би ги издвоиле пилешкото и свинското месо исечкани на парчиња со зачини и испечени на скара, потоа плескавицата, раженчето, колбасот...

Каква музика има во ресторанот? За разлика од многу други ресторани, во "ДМ" не настапуваат музички групи. Музиката не ни е приоритет, бидејќи сметаме дека луѓето кои доаѓаат знаат дека "ДМ" е место за муабет во пријатна, мирна атмосфера, во комбинација со одлично јадење.

Разните гласови, пријателски разговори, по некоја гласна насмевка се музиката во нашата гостилница...


Орце Николов бр. 136

Овој ресторан не прима online резервации, No reservations Јавете се директно во ресторанот

Одберете датум

Одберете термин

Одберете гости

Login

Детали

Адреса Адреса: Орце Николов бр. 136
Места за седење (внатре) Места за седење (внатре): 45
Места за седење (надвор) Места за седење (надвор): 40
Паркинг Паркинг: Зона
Картички Картички: Credit cards Credit cards
Домашни миленици Домашни миленици: Не
Пристапно Пристапно: Да
Јазици Јазици: Англиски
Музика Музика: Интернет Радио
Отворен на Отворен на: 10.01.1996
Посети Посети: 91078

Понеделник 09:00 - 00:00 Нема настани

Вторник 09:00 - 00:00 Нема настани

Среда 09:00 - 00:00 Нема настани

Четврток 09:00 - 00:00 Нема настани

Петок 09:00 - 01:00 Нема настани

Сабота 11:00 - 01:00 Нема настани

Недела 11:00 - 18:00 Нема настани

Мени

360° Преглед и Локација

Контакт